По ураганот Доријан, пристигнува тропското невреме Фердинанд (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Додека ураган Доријан предизвика вистински хаос на Бахамите, нов тропски ураган се формирал на Мексиканскиот залив.

Тропскиот ураган Фердинан се формирал вчера попладне, поради што на мексиканскиот североисточен брег веднаш било издадено предупредување.

Максималната јачина на ветровите која со себе ја носи новото невреме изнесувала 65 километри на час.
Американскиот национален центар за урагани соопшти дека се очлекува невремето да зајакни пред да тргне кон копно.

Центарот на ураганот е на околу 255 километри источно од градот Ла Песка во Мексико и се движи кон запад со брзина од 11 километри на час.

Американскиот центар за урагани соопшти дека ураганот Доријан конечно се поестува од Бахамите, но во нивното соопштение исто така се додава дека на тамошните острови и понатаму ќе продолжат силните ветрови и невремето кое е опасно по живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот