По уметникот, Владата бара советник со завршено образование по кинезиологија

Фото: МИА

Владата на Република Македонија објави оглас за ново работно место, за кое се нуди плата од 36.000 денари, а од апликантите се бара најмалку 16 години работно искуство. Она што привлече најмногу внимание е тоа што од кандидатот се бара да има завршено кинезиологија.

Во последно време, сѐ повеќе се објавуваат вакви апсурдни огласи за вработување во државна и јавна администрација. Неодамна Фондот за здравствено осигурување објави јавен конкурс за вработување на советник за административна поддршка на директорот на институцијата, а услов е да има завршено ликовна уметност или организациски науки и управување.

ФЗОМ бара ликовен уметник којшто ќе го советува директорот за административни работи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот