ПО УБЕДЛИВАТА ИЗБОРНА ПОБЕДА: Џонсон од кралицата Елизабета Втора и формално побара да формира Влада

Британскиот премиер Борис Џонсон се сретна со кралицата Елизабета Втора и формално побара да формира Влада во нејзино име.

Џонсон помина повеќе од половина час во Бакингемската палата каде беше спроведен уставниот ритуал, јави Би-Би-Си.

Тој е 14-от премиер откако кралицата е на престолот во 1952 година.

Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон убедливо победи на парламентарните избори во Велика Британија, додека опозициските лабуристи забележаа најлош резултат од 1935 година.

Врз основа на објавени резултати за 649 од 650 изборни единици на вчерашните вонредни избори за Долниот дом на британскиот Парламент, конзервативците освоија 364 мандати, 78 повеќе од сите други партии заедно.

Ова е нивни четврти најдобар резултат од 1935 година, односно повеќе мандати освоија на изборите во 1983 и 1987 година, кога партијата ја водеше Маргарет Тачер, и во 1959 година во времето на Харолд Макмилан.

Прочитајте и...  Шест лица починаа, регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 и 113 оздравени пациенти

Лабуристите предводени од Џереми Корбин во новиот состав на Парламентот ќе имаат 203 мандати, најмалку од изборите во 1935 година.

На претходните избори, исто така вонредни, одржани во јуни 2017 година, конзервативците освоија 317 мандати, а лабуристите 262.

Одличен резултат забележа и Шкотската национална партија (СНП) на Никола Старџон кој ќе има 48 пратеници, 13 повеќе од досега.

Либералните демократи ќе имаат 11 пратеници, северноирската Демократска унионистичка партија осум, левичарската партија на ирските републиканци Шин фејн седум, а велшките националисти (Плејд Камри) четири.

Во Парламентот влезе и Социјалдемократската и работничка партија која ќе има два пратеници, како и Зелените и северноирската партија Алијанса кои ќе имаат по еден член на Парламентот.

Прочитајте и...  Експерти: Пиротехниката и амониум нитратот беа причината за големата експлозија во Бејрут

Неодамна формираната Партија за Брегзит на Најџела Фараж ќе останенадвор од Парламентот затоа што не успеа да победи ниту во една од 650 изборни единици. Нејзините кандидати не учествуваа во повеќе од 300 изборни единици кои се сметаат за упориште на конзервативците, за да се избегне раситнување на гласовите на приврзаниците на Брегзит.

Џонсон после убедливата победа вети дека неговата влада ќе го спроведе Брегзит во предвидениот рок, до 31 јануари.

После најлошиот резултат на лабуристите во последните 84 години, Корбин најави дека нема да ја предводи партијата на наредните избори, но е наведе кога ќе поднесе оставка, велејќи дека ќе остане на чело на партијата додека таа не ги разгледа изборните резултати и идната политика.

Прочитајте и...  Истражување: Италијанците ги избегнуваат рестораните поради Ковид-19

Лидерката на СНП Старџон пораба од Џонсона да и овозможи на Шкотска да одржи нов референдум за независност на Шкотска од Велика Британија.

Оставка денеска поднесе претседателката на Либералните демократи Џо Свинсон, откако го изгуби пратеничкото место со пораз во својата изборна единица од кандидатката на Шкотската национална партија.

Прочитај повеќе

Во Кина на крајот на јули за коронавирус се тестирале 4,84 милиони луѓе дневно

Слободен печат

Најмногу дожд во Демир Капија, Скопје Петровец и Охрид

Слободен печат

Турција негира дека е зголемен бројот на заразени со коронавирус во туристичките места

Слободен печат

САД ќе платат до 10 милиони долари за информации за луѓе кои се мешаат во изборите

Слободен печат

Дел од Јапонија објави вонредна состојба заради зголемување на бројот на заразени со коронавирус

Слободен печат

Истражување: Италијанците ги избегнуваат рестораните поради Ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бајден виртуелно ќе ја прифати претседателската номинација на демократите

Слободен печат

Во пожар во болница во Индија загинаа осум пациенти со коронавирус

Слободен печат

Повторно зголемен број заразени со Ковид-19 во Германија – 1.045 нови случаи

Слободен печат

Над половина милион заразени со Ковид-19 на Флорида

Слободен печат

Фејсбук му блокираше порака на Трамп, Твитер му го блокираше штабот

Слободен печат

Во Либан пристигнува меѓународна помош, гувернерот ја нарече ситуацијата „апокалиптична”

Слободен печат