По тешката сообраќајка во Кавадарци почина едно лице, другото е во критична состојба

Фото: МИА

На скопските клиники почина едно лице, родено 1994 година, по тешката сообраќајна несреќа што денеска се случи во Кавадарци. Другото лице, родено 1991 година, во критична состојба, со тешки телесни повреди, сè уште е на клиниката, изјави за МИА Елизабета Недановска, портпарол во Државното јавно обвинителство.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.

„Попладнево околу 12.45 часот на крстосница во Кавадарци се судриле мотор „Јамаха“ и џип „Форд“ со битолски регистарски ознаки. Според првичните сознанија до сообраќајната несреќа дошло откако во џипот кој вртел лево на крстосница од булеварот, удрил моторот кој доаѓал од спротивниот правец. Од силината на ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот на моторот кои итно биле пренесени на скопските клиники. Како последица од повредите, возачот на моторот на возраст од 26 години го загубил животот, а неговиот сопатник , 29 – годишен кавадарец е во критична здравствена состојба“, пишува во соопштението на Основното јавно обвинителство.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од лице место и наредба за обдукција на починатото лице. Во насока на расчистување на настанот ќе биде извршено и сообраќајно – техничко вештачење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот