По тешка сообраќајна несреќа почина актерот Роџер Мозли, пилотот од серијата „Магнум“

Фото: Принтскрин/Commons wikimedia

Актерот Роџер Е. Мозли, најпознат по улогата на пилотот Теодор ТС Калвин во серијата „Магнум“, почина во неделата. Имал 83 години, а веста за неговата смрт ја потврдила неговата ќерка.

Мозли починал опкружен со своето семејство, откако минатата недела беше повреден во сообраќајна несреќа, која го остави парализиран и во критична состојба.

„Никогаш не би можеле да жалиме за толку неверојатен човек. Тој би мразел некој да плаче за него. Време е да го прославиме наследството што ни го остави на сите. Те сакам, тато. И ти ме сакаше и мене. Со тешко срце го велам ова, но јас сум силна. Ќе се грижам за мама, твојата љубов која ја сакаше речиси 60 години. Ти добро ме воспита и таа е во добри раце. Почивај во мир“, порачала ќерката на Мозли во прошталната порака на Фејсбук.


Мозли глумеше во повеќе од 150 епизоди на „Магнум“, со Том Селек. Играше и во сериите „Сенфорд и син“, „Љубовен брод“, „Коџак“, „Досиејата Рокфорд“, „Старски и Хач“ и десетици други ТВ-серии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот