По теркот на САД: Граѓаните од трети земји ќе треба да се регистрираат за влез во ЕУ

Фото: mia.mk

По модел на САД, Европската Унија (ЕУ) воведува систем на регистрација за влез на нејзината територија преку системот ЕТИАС, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Парламентот и Советот на ЕУ вчера постигнаа договор за овој предлог кој предвидува создавање на централен систем за регистрација преку поврзување на сите релевантни бази на податоци на ЕУ и треба да биде оперативен идната година.

– Целта на системот ЕТИАС е борба против нелегалната миграција, заштита на јавното здравје, зајакнување на внатрешната безбедност и помалку чекање на границите кога треба да се идентификуваат лицата, велат од Европската Комисија.

Системот се однесува на граѓаните од трети земји за кои не се потребни визи за престој во Шенген зоната за три месеци, но тие од 2022 година ќе треба, сепак, претходно да се регистрираат и да добијат авторизација за патувања, откако ќе бидат анализирани нивните податоци и ќе се одлучи дали претставуваат ризик за безбедноста во ЕУ.

Ова не се смета за нов визен режим во ЕУ.

Патниците од трети земји што ќе сакаат да влезат во ЕУ или Шенген ќе треба да ја пополнат апликацијата на интернет и да платат седум евра. Европската Комисија очекува 95 отсто од барањата да бидат прифатени, а дозволата ќе важи три години за повеќе влезови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот