По тепачката на терен, Ембид и Таунс „војната“ ја продолжија на социјалните мрежи

twitter.com/wccoradio

Минатата вечер во НБА лигата помина во знак на тепачката помеѓу двајцата ол стар центри, Џоел Ембид од Филаделфија и Карл Ентони Таунс од Минесота по што настана вистински хаос на паркетот во кој се вмешаа и останатите кошаркари на двете екипи за да ја смират ситуацијата. На крајот кога се смири ситуацијата и двајцата кошаркари заработија исклучување, а при напуштањето на паркетот, дури и мајката на Таунс на центарот на Филаделфија му покажа среден прст.

Сепак, тоа не беше крај на пресметката помеѓу двајцата кошаркари кои „војната“ ја продолжија на социјалните мрежи.

„Одлична тимска победа. Јас израснав помеѓу лавови, а вчера ме нападна мачка. Дури и неговата мајка ми покажа среден прст напиша Ембид на својот Инстаграм-профил.

Набрзо дојде и одговорот од кошаркарот на Минесота.


„Не сум никаква ку*ка, Раснев со лавови“ иронично напиша Таунс на Твитер-профилот и притоа поставувајќи неколку фотографии со расплаканаиот Ембид по поразот од Торонто минатата година.

Нормално, повторно следеше одговорот од кошаркарот на Филалдефија.

„Улогата на жестоко момче не ти поминува. Ти си знаеш што си, отсекогаш си бил пи*ка. Те скршив и те молам прво обезбеди пласман во плејофот пред да почнеш да зборуваш. познато е дека јас те ПОСЕДУВАМ“, напиша Ембид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот