По техничките проблеми, нормализирани летовите на двата лондонски аеродроми

Фото: EPA

Британската агенција за воздушен сообраќај НАТС денеска соопшти дека направила доволно за да го поправи системскиот проблем со цел летовите на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ да се вратат во нормала, откако претходно беа одложени поради техничките проблеми.

„По техничките проблеми во воздушниот сообраќај утрово во контролниот центар Свенвик, го решивме проблемот за безбедно да го зголемиме протокот на сообраќај“, се наведува во соопштението на НАТС.

Летовите на двата најпрометни аеродрома во Лондон беа пренасочени поради технички проблем во главниот центар за контрола на воздушниот сообраќај за јужна Англија, соопштија денеска аеродромските служби.

„Имаме технички проблем со системот во контролниот центар Свенвик, што предизвика ограничување на летовите. Правиме се што е во наша моќ да го решиме тоа што побрзо“, соопшти претходно контролниот центар НАТС.

Евроконтрол, пак, потврди дека дефектот предизвикал голем број летови на двата аеродрома да бидат пренасочени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот