По своето обраќање Лавров ја напушти салата за состаноци на ОБСЕ, пред говорот на Блинкен

Сергеј Лвров состанок ОБСЕ Малта EPA-EFE/Domenic Aquilina

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, обвинувајќи го за „цунами на дезинформации“, а Москва за ескалација во Украина.

На состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Блинкен рече дека и му е жал што Лавров ја напуштил салата по неговиот говор.

Жалам што нашиот колега, господинот Лавров, ја напушти просторијата, не покажувајќи учтивост да не слуша како што го слушавме ние него, рече Блинкен на средбата во Малта.

Ентони Блинкен /Фото: EPA-EFE/DAREK DELMANOWICZ POLAND OUT

Тој додаде дека Сергеј Лавров е многу вешт да ги преплави слушателите со „цунами на дезинформации“.

Претходно шефот на руската дипломатија го обвини Западот за оркестрирање на „нова студена војна“ која, како што оцени, се заканува да премине во „жешка фаза“.

Сергеј Лавров денеска е во Малта, во прва посета на земја од Европската унија (ЕУ) од почетокот на војната во Украина во 2022 година.

Рускиот министер за надворешни работи, кој е под санкции на ЕУ, не ја посети Унијата од посетата на Стокхолм во декември 2021 година, исто така на состанок на ОБСЕ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот