По сушата, премногу дожд: Не може да се влезе во нивите, тракторите заглавуваат во калта

Езеро Калиманци/ Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Од друга страна, врнежите се добра вест за поголем прилив во водотеците, езерата и реките за постабилна енергетска состојба, објаснува за „Слободен печат“ агрометеорологот Ангелко Ангелески

По долгата суша врнежите се добредојдени, но лошата вест е дека тие ќе продолжат и оваа недела, вели за „Слободен печат“, агрометеорологот Ангелко Ангелески.

Тој додава дека површинската влага во почвата е голема, така што земјоделската механизација не може да ја обработува, па земјоделците нема да може да влезат во нивите. Ваквите временски услови беа повеќе од посакувани за отпочнување на подготовките за претстојната есенска сеидба, кои доцнат.

– По сушата, врнежите се долгоочекувани и позитивни, но лошо е што тие интензивно продолжуваат до крајот на неделава. Има голема површинска влага во почвата, што ја прави невозможна работата со земјоделската механизација. Од друга страна, дождот е добра вест за поголем прилив во водотеците, езерата и реките за постабилна енергетска состојба – објаснува Ангелевски.

Сè додека температурните услови го дозволуваат тоа, препораката за пчеларите останува иста, а тоа е да вршат поинтензивна прихрана со течна храна за да ги подготват пчелните семејства за презимување, велат агрометеоролозите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот