По судска наредба објавена уште една снимка од Џорџ Флојд: Ново шокантно видео од неговите последни моменти (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Американскта полиција објави видео снимка од апсењето на Џорџ Флојд, во текот на кое тој почина, а е снимена од камерата на униформата на полицаецот.

На оваа снимка се гледа друг агол од апсењето, зошто досега беше позната само снимката која ја забележа една минувачка. Снимката е објавена по налог на судот во Минеаполис, кој води постапка по обвинувањата за убиство против полицајците кои учествуваа во апсењето.

Флојд почина откако полицаецот Дерек Човин му клечеше со нога на вратот подолго време. Човин и неговите колеги се обвинети за убиство и соучество, а смртта на Џорџ Флојд предизвика антирасистички протести ширум САД, кои во многу градови се претворија во нереди.

Снимката е долга еден час и ја забележале камерите на полицајците Томас Лејн и Александер Куенг, кои се обвинети за соучство, а први се појавија на местото на инцидентот, по повикот на сопственикот на продавницата кому Флојд наводно сакал да му плати со лажна банкнота од 20 долари.

Полицајците прво разговараат со продавачот, а потоа одат до Флојд кој седи во автомобил. Флојд, кој имал криминално досие и кому му се заканувала подолга казна како повратник во случај повторно да биде осуден, изгледа дека испраничил и ги молел полицајците да го пуштат, иако неговите зборови на снимката се неразбирливи.

Флојд изгледа како да плаче и во еден момент ја спушта главата на воланот.

Полицајците го извлекуваат од автомобилот, му ставаат лисици на рацете и се обидуваат да го внесат во полициското возило со сила. Тој почнува да дава отпор во патролното возило и да зборува дека не може да дише, а потоа го извелекуваат полицајците и тој завршува на земја.

Потоа повеќе пати се слуша како Флојд вика дека не може да дише, а видеото завршува со доаѓањето на брзата помош која се обидува да го реанимира онесвестениот Флојд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот