По страшните поплави прогласена вонредна состојба во Венеција

Италијанската Влада денеска прогласи вонредна состојба во Венеција заради брзо обезбедување средства за санирање на штетата предизвикана од највисоката плима во последните 50 години.

На попладневниот состанок, Владата одобри посебна одредба во која се вклучени првите мерки кои имаат за цел да му помогнат на градот да се опорави.

Италија прогласи вонредна состојба во Венеција откако висината на брановите во тој град достигнаа 1,87 метри, поплавувајќи ја историската базилика и прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата.

Повеќе од 80 отсто од градот, кој е под заштита на УНЕСКО, беше под вода во моментите кога плимата беше најсилна, јави Би Би Си.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја опиша поплавата како „удар во срцето на земјата”. Тој потенцираше дека Владата ќе дејствува брзо за да обезбеди средства и ресурси.

Прочитајте и...  Харвард и МИТ ќе ја тужат администрацијата на Трамп за да ги задржат странските студенти

„Ме боли што градот е толку оштетен, уметничкото наследство е загрозено, комерцијалните активности се на колена”, напиша Конте на Фејсбук по синоќешната посета на Венеција. Тој истакна дека Владата ќе ја забрза изградбата на структурната одбрана на градот, мислејќи на т.н. Мосеов проект – хидрауличен систем на бариери за заштита на лагуните во случај на зголемување на нивото на морето и зимските бури. Се очекува во текот на денот да биде прогласена вонредна состојба во Венеција.

Во меѓувреме, жителите на Венеција се се разбудија со звукот на сирените, што укажува дека плимата ќе остане висока, иако не се очекува да надмине 130 сантиметри над морето.

Градоначалникот на Венеција Луиџи Буруњаро вчера изјави дека штетите во овој историски град по најголемата поплава во последните 50 години ќе бидат стотици милиони евра. Во поплавата загинаa и двајца повозрасни мажи.

Прочитајте и...  Тачи в понеделник заминува во Специјалното обвинителство во Хаг

– Ние не зборуваме само за пресметување на штетата, туку за иднината на градот. Поради ова, ние го губиме населението, изјави Бруњаро пред новинарите, барајќи од Рим да прогласи вонредна состојба.

Нивото на водата завчера достигна 187 сантиметри, највисоко ниво досега забележано во Венеција, а само седум сантиметри помалку од највисокото забележано ниво во историјата.

„Венеција е на колена. Базиликата Свети Марко претрпе сериозни штети, како и целиот град и неговите острови”, напиша Буруњаро на Твитер.

Во Венеција, криптата под базиликата Свети Марко беше поплавена по вторпат во историјата, при што вода влегувала и низ прозорците.

Поплавата е предизвикана од поројниот дожд што се совпадна со полната месечина што донесе висока плима. Исто така, градот испреплетен со канали е во опасност и поради зголемувањето на нивото на морето како резултат на климатските промени.

Прочитајте и...  Трифуновиќ: Вучиќ ја повлече одлуката затоа што е пи*ка, тоа е кукавички потег

Прочитај повеќе

Демонстрантите се повлекоа, полицијата го опколи Собранието во Белград (ВИДЕО)

Слободен печат

Светски aгенции: Екстремистите со нападите ја предизвикаа полицијата и немирите во Србија

Слободен печат

Стефановиќ: Обид за насилно преземање на власта

Слободен печат

Шекеринска: Изјавата на Меркел е потврда дека сме на прав пат и можеме

Слободен печат

Мицкоски: Пред голема победа сме, заминува срамното и понижувачко време

Слободен печат

Вулин: Државата мора соодветно да одговори на насилството

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Јеремиќ: Власта пушти хулигани да прават нереди и да предизвикуваат судири

Слободен печат

Села: Куманово е со раните на Алмир, ние ќе се бориме секој Албанец да добие држјавјанство со Алиајнса за Албанците

Слободен печат

Ахмети: Мислиш срцето си им го откорнал за некое унапредување на Албанец

Слободен печат

Грција ублажи уште некои мерки воведени поради епидемијата од коронавирус

Слободен печат

Тачи в понеделник заминува во Специјалното обвинителство во Хаг

МИА Агенција

Полицијата во Белград ја презеде контролата врз главните пунктови околу Собранието

Слободен печат