По стар рецепт: Качамак со компири и кајмак

Фото: Freepick

Качамак, бакрдан или бакрданик е вид на традиционално јадење кое воглавно се прави од пченкарно брашно.Ова јадење спаѓа во традиционалните јадења во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, и Турција. Во качамакот може да се додаваат разни прилози како што се: сирење, месо, пржена свинска маст, пржена сланина, кисело млеко, слатко млеко, шеќер и кајмак.

По стар традиционален рецепт за да се заштеди на брашно, се додава компир, кој се вари до неговото распаѓање и се соединува со брашното во хомогена смеса.

Состојки:

– 1 кг компири
– 0,7 кг пченично брашно тип 500
– 1 лажица маст
– 5 лажици кајмак
– 4 литри вода

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Ставете ги во сад со вода убаво да се сварат. Откако ќе се сварат извадете го поголемиот дел од водата во која се варел компирот и оставете само малку на дното и додадете го брашното. Продолжете да ги варите компирите и брашното заедно уште 20 минути.

По 20 минути варење тргнете го садот од оган и убаво испасирајте го компирот со брашното. Потоа додадете ја прво маста и повторно убаво мешајте околу 10 минути, а потоа и кајмакот.

Ова е богат, калоричен оброк кој се служи во помала количина од класичниот качамак.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот