По стапките на Шведска: Финска нема да вакцинира лица помлади од 30 години со „Модерна“

Вакцини на „Модерна“
Вакцини на „Модерна“ / Фото EPA-EFE/ABED AL HASHLAMOUN

Финска ќе ја прекине употребата на вакцината „Модерна“ против ковид-19 кај мажи помлади од 30 години, откако беа пријавени ретки кардиоваскуларни несакани ефекти, објави денеска Финскиот институт за здравје и социјална заштита.

Шведските и данските здравствени власти вчера објавија дека ќе престанат да ја користат вакцината на „Модерна“ за помлади луѓе и деца. Норвешка веќе ја користи вакцината „Фајзер“ за сите деца, а сега се препорачува и за мажи на возраст под 30 години, пренесува АП.

Скандинавските земји својата одлука ја засноваа на необјавената нордиска истражувачка студија која вклучува податоци од Финска, Шведска, Норвешка и Данска.

Шведска ја прекина вакцинацијата со „Модерна” на помлади од 30 години

Во Данска се укинуваат сите мерки, 83 отсто граѓани се вакцинирани

Шведска од првиот ден на пандемијата води иста политика, нејзините резултати далеку подобри од тие на ЕУ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот