По скоро две децении љубов, го исфрли сопругот од домот: Сите зборуваат за нивниот развод, а Џулија некогаш вака кажуваше за нив… (ФОТО)

Instagram

Љубовта помеѓу нив двајца секогаш беше страствена, а актерката честопати истакнувала дека двајцата веднаш се поврзале со нивните срца.

Популарната актерка Џулија Робертс сега ги полни насловните страници поради шпекулациите дека се разведува, од сопругот Даниел Модера.

Ако добро се сеќавате, некогаш на нивниот брак беше пример за сите останати.

Имено, Џулија има изјавено дека во сопругот се заљубила веднаш штом го погледнала, а дека љубовта помеѓу нив не престанала ниту по повеќегодишниот брак. Но, по се изгледа нејзините зборови паднаа во вода.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

– Кога го видов првиот пат почуствував како ми трепери телото. Не можев да престанам да размислувам за него – ја опишала првата средба на сет со својот сопруг.

Љубовта помеѓу нив двајца секогаш беше страствена, а актерката честопати истакнувала дека двајцата веднаш се поврзале со нивните срца. Потоа започнале и да планираат семејство. Дури кога долго време актерката не можеше да остане бремена, тие размислуваа да посвојат дете, но токму тогаш ги изненадиле близнаците Хајзел и Финеус, а подоцна и најмладиот Хенри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

После тоа следела голема драма. Според она што го пишуваат странските медиуми, актерката се разведе од сопругот Даниел Модера по 17 години брак. Како што изјавил анонимен извор, разводот Даниел би можело да го чини 200 милиони евра, поради предбрачниот договор кој го потпишал со Џулија пред да влезат во брак.

Причината поради која „пукна“ тиквата е прославата по повод роденденот на Џулија, на кој наводно таа смртно се налутила.

– Џулија очекувала голема прослава за роденденот, а Дени потполно потфрлил во тој сегмент, па го оптужи дека воопшто не му е до неа. Кавгата брзо ексалирала, па Даниел бил исфрлен од нивниот заеднички дом – изјавил извор близок на парот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот