По скандалозно откритие дека деца биле крадени или купувани Холандија го прекина посвојувањето деца од странство

Холандската Влада одлучи да ги прекине сите посвојувања на деца од странство, откако официјална истрага откри дека голем број деца биле незаконски посвоени.

Истрагата се фокусираше на посвојување деца од Бангладеш, Бразил, Колумбија, Индонезија и Шри Ланка во периодот од 1967 до 1998 година, пренесува Би-Би-Си.

Холандскиот министер за човекови права Сандер Декер изјави дека Владата не интервенирала со години, односно дека службениците биле свесни дека нешто неправилно се случува, а многумина биле лично вклучени во посвојувањата.

Истрагата утврдила дека децата од тие земји главно биле купувани или крадени од нивните биолошки родители и оти истрагата немало да се случи доколку голем број на посвоени деца не поднеле барања да ги испитаат своите корени и да најдат вистинските родители.

При тоа било утврдено дека нивните документи се или изгубени или фалсификувани, и дека нивното посвојување е незаконско.

Во последните 50 години, холандски родители посвоиле околу 40.000 деца од 80 земји, а таа практика се намали претходните години, така што во 2019 година, од странство биле посвоени 145 деца.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот