По синоќешните нови инциденти на грчко-турската граница кај Еврос, утрово ситуацијата мирна

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

По синоќешните инциденти, како и оние во текот на ноќта, утрово се смирени тензиите на грчко –турската граница кај Еврос, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, групи бегалци и мигранти насобрани на турска територија и синоќа, но и во периодот од два и пол до четири часот утрово, со солзавци и камења се обиделе да ја пробијат заштитната ограда и да стигнат на грчка територија.

-Со помош на турските власти кои повторно фрлија солзавци, бегалците се обидоа да ја преминат оградата, но веднаш реагираа грчките, спречувајќи ги да влезат во грчка територија, пишува онлајн изданието на весникот „Та неа”.

-Како оградата, така и грчките сили останаа недопрени, а граничната линија непристапна, по овој нов организиран обид, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА и потсетува дека од полноќ е затворена копнената граница меѓу Грција и Турција, според одлуката од турското Министерство за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот