По силното невреме прогласена вонредна состојба во Искија

Свлечиште на италијанскиот остров Искија/Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO ITALY OUT

Италијанската влада денеска прогласи вонредна состој а на островот Искија кој вчера го погоди големо лизгање на земјиштето во кое едно лице загина, а најмалку десет се водат како исчезнати.

-На вонредната седница на кабинетот, која се свикува за воведување вонредна состојба, беше доделен првиот пакет итна финансиска помош во износ од 2 милиони евра, објасни министерот за цивилна заштита, Нело Музумечи.

Казамичола Терме, спа-одморалиште со 8.000 жители во зима, сместено на островот Искија недалеку од Капри, беше погодено од земјотрес во 2017 година, во кој загинаа две лица. На крајот на 19 век, градот бил целосно уништен од многу посилен земјотрес.

Повеќе од 200 припоадници на цивилната одбрана и органите на редот се уште трагаат по десетината исчезнати, а стотици волонтери продолжуваат да ги расчистуваат улиците.

ВИДЕО | Продолжува потрагата по исчезнатите во страшните поплави во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот