По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Зајкова: Пандемијата да замине заедно со годинава

Фото: youtube/printscreen

Моника Зајкова, пратеничка од ЛДП за „Слободен печат“

Оваа година ќе ја паметам како година на предизици за ублажување на последиците од кризите. Се посветив на борба за имплементација на младинските политики, конкретно заедно со средношколците го воведовме новиот концепт за полагање на матура, со невладиниот сектор работевме на Законот за правно признавање на родот, но и  подигнување на свеста за родовата рамноправност, дискриминацијата и имплементација на Законот за спречување и заштита од дискримнација, како и на отворање на простор за креирање на Национална стратегија за ментално здравје на младите. Запознав многу луѓе од кои учев и ја црпев енергијата, но и успешни млади луѓе и горда сум на нив бидејќи ги гледам како идна генерација која ќе ја предводи државата.

Посакувам годинава да ја однесе ковид пандемијата, а новата да донесе добро здравје, повеќе спокој и благосостојба во сечиј дом. На политички план посакувам исполнување европската агенда, а следните 365 денови, фокусот да биде кон граѓаните, а не политичарите, кон државата, наместо кон партиите.  Посакувам 2022 да биде година на радоста и надежта!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот