По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Муцунски: Да почнеме преговори со ЕУ

тимчо муцунски
Тимчо Муцунски/ Фото: МИА

Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром за „Слободен печат“

За мене беше голема чест, привилегија и задоволство да присуствувам и да ги следам натпреварите на нашите херои од македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Букурешт, Романија, што верувам дека сите нас не направи посебно горди. Во 2022 година искрено посакувам Македонија конечно да ги започне пристапните преговори со ЕУ, бидејќи нашите граѓани целосно заслужуваат да го добијат она што е природно, достоинствено и неизбежно.

Истовремено посакувам висок пласман на македонската ракометна репрезентација на Европското ракометно првенство и пласман на фудбалската репрезентација на Светското фудбалско првенство во Катар. Како градоначалник на општина Аеродром посакувам брза и ефикасна реализација на голем дел од планираните проекти. Посакувам да ни се случуваат само позитивни работи, конечно да исчезне пандемијата, да се зголеми благосостојбата во сите семејства, сакам да видам што повеќе насмеани и ведри лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот