По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Даути: Измина година на страшни трагедии без одговорност

Илире Даути/Фото: МИА

Илире Даути, пратеничка на Алијанса за Албанците за „Слободен печат“

Крајот на годината не најде без премиер и без влада. И што е најважно – крајот на годината не најде без епилог од трагичните настани кои отворија сериозни рани за граѓаните на оваа земја. Така, и сега кога поминаа речиси четири месеци од денот кога на најстрашен начин во пламените јазици завршија 14 животи во модуларната болница во Тетово, сè уште никој не сноси одговорност. Сè уште немаме епилог од другиот трагичен случај со 45-те патници во автобусот во Бугарија, кои исто така среде пламените јазици се предадоа во вечноста. Застрашувачки е како ваквите големи трагедии сè уште немаат епилог, додека сите сме пациенти на болници и патници во автобус.

2022 година сакам да ја помнам по добри рабои. Најпрво, посакувам здравје за сите, радости, поголема посветеност за сиромашните, за слабите, за младите, за жените овластени во одлучувањето, за враќање на надежта кај граѓаните дека и овде може да се живее добро и убаво. Во мое име и во име на Алијансата за Албанците, Среќна нова година!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот