По шест неделен раст цената на нафтата со пад од 8 проценти

Залихите на сурова нафта во САД достигнале рекордни 538 милиони барели.

Цените на нафтата на светските пазари забележаа остар пад , за прв пат по шест неделниот раст, бидејќи спласна надежта во брзо опоравување на светските економии од корона кризата, а со тоа и побарувачката на „црното злато“.

На берзата во Лондон цената за барел нафта минатата недела забележа пад од 8,4 отсто и изнесуваше 38,73 долари за барел, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 8,3 отсто и се продаваше за цена од 36,26 долари.

Растот на цената на нафтата е запрен поради неизвесноста за крајот на пандемијата.

Растот на цената на нафтата, кој траеше шест недели, е прекинат поради стравот дека можеби крајот на пандемијата се уште не е на видик, со оглед на тоа дека речиси половина од сојузните држави на САД бележат раст на нови случаи на заразата.

Последниот месец цената на нафтата растеше бидејќи инвеститорите се надеваа на брзо опоравување на глобалните економии од корона кризата, благодарение на големите фискални и монетарни поттикнувачки мерки што ги презедоа светските влади.

Меѓутоа, последната недела инвеститорите се разочараа по проценките и пораките на американската централна банка. ФЕД всушност, во средата, по дводневната седница, објави дека оваа година американската економија би можела да падне за 6,5 отсто, а идната да порасне за 5 проценти.

Од таму порачаа и дека клучните каматни стапки останале ниски до 2022 година, бидејќи. Како што соопшти претседателот на ФЕД, Џероми Повел, претстои долг пат на опоравување.

Исто така на слабост на побарувачката кај најголемиот светски потрошувач на нафта укажуваат и последните извештаи на американската влада за раст на залихите на нафта и бензин во текот на минатата недела.

Залихите на сурова нафта достигнале рекордни 538 милиони барели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот