По Шаленберг, и австрискиот министер за финансии си поднесе оставка

Гермот Блимел
Министер за финансии на Австрија си поднесес оставка/ Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Откако лидерот на Австриската народна партија (ОВП) Себастијан Курц најави повлекување од политиката и после најавата на актуелниот канцелар Александер Шаленберг дека функцијата ќе ја препушти на идниот лидер на ОВП, и министерот за финансии Гернот Блимел вечерва најави дека поднесува оставка, објави австриски Куруер.

Блимел се води како еден од обвинетите покрај Курц во истрагата за проневера и поткуп, поврзана со нарачување наводни лажни истражувања.

Се шпекулира дека ОВП не сака да чека да види дали ќе се појават дополнителни онлајн разговори кои дополнително би можеле да го оптоварат Блимел.

Во Австрија се шпекулира дека министерот за внатрешни работи Карл Нехамер би можел да ја преземе функцијата лидер на ОВП, но и како канцелар и министер за финансии.

Во австриската влада може да дојде до дополнителни промени во владата, бидејќи се споменува дека Нехамер би можел да ги замени министерката за економија Маргарета Шрамбек, министерката за земјоделство Елизабет Кестингер и министерката за интеграции Сузана Раб, членки на владата кои биле многу блиски со Курц.

Курц откри зошто се повлекува од политиката: Еден момент променил се

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот