По семејната трагедија: Емотивна објава на сестрата на Кристијано Роналдо

Веста за смртта на новородениот син на фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата сопруга Џорџина Родригез ја потресе светската јавност.
По оваа семејна трагедија, се огласи и сестрата на фудбалерот, Катја Авеиро.
„Ве сакам и моето срце е со вас. Господ нека се погрижи за сè и нека ви даде сила да го пребродите ова. Нашешто мало ангелче веќе е во скутот на нашиот татко, а нашето силно девојче е тука цврсто и здраво и ќе нè научи уште повеќе дека само љубовта е важна“, стои во нејзината емотивна објава на Инстаграм.
View this post on Instagram
Како потсетување, Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез очекуваа близнаци – девојче и момче. За жал, фудбалерот соопшти дека нивниот новороден син починал, но дека женското бебе е живо и здраво.
„Со најдлабока тага мораме да соопштиме дека почина нашето машко бебе. Тоа е најголемата болка која може родителите да ја почувствуваат. Единствено раѓањето на нашето женско бебе ни дава сила да го преживееме овој момент со некаква надеж и среќа.
Сакаме да им се заблагодариме на докторите и медицинските сестри за сета нивна експертска грижа и поддршка.
Сите сме скршени од оваа загуба и љубезно замолуваме за приватност во овој тежок период.
Наше момче, ти си наш ангел. Секогаш ќе те сакаме“, напиша фудбалерот.
View this post on Instagram
Голема трагедија: Роналдо објави дека почина неговиот новороден син