По секој тачдаун топката и ја дава на својата слепа мајка

twitter/Deandre Hopkins

Постигнувањето на тачдаун во НФЛ лигата играчите го одбележуваат со разни прослави, но не и вајд рисиверот на Хјустон, Деандре Хопкинс. Тој секојпат кога ќе постигне тачдаун топката и ја дава на својата слепа мајка која е на трибините и традицијата ја продолжи и на дуелот против Индијанаполис колтс.

По остварениот тачдаун, Хопкинс отиде до трибината ѝ и ја даде топката на својата мајка Сабрина Гринли која го загуби видот пред 17 години, но и покрај тоа, таа постојано е на трибините и ги слави неговите успеси.

Сабрина Гринли остана без вид во 2002 година кога една девојка и истури киселина на лицето бидејќи се сомневала дека нејзиното момче спие со Сабрина. По нападот, Сабрина неколку недели помина во вештачка кома.
– Прво што помислив додека лежев беше: „Зашто некој би ме испрскал со жешка вода?“. Меѓутоа, неколку моменти подоцна се вратив во реалноста, тоа не беше вода бидејќи кожата почна да ми паѓа од лицето, од вратот, градите, грбот… – раскажува Сабрина Гринли.

Одењето на натпревари за да го бодри својот син не беше воопшто лесно на почетокот.
– Знаев дека Диандре сака да бидам на трибините, постојано ми зборуваше, но на мене ми беше тешко да се одлучам да одам поради мојот изглед. Сепак, со тек на времето успеав да се изборам со реалноста, со слепилото, со лкузните и со исмејувањето од страна на публиката. Сето тоа ми даде дополнителна сила – вели Гринли.
Деандре Хопкинс е еден од најдобрите вајд рисивери во НФЛ лигата, има три настапи на Про блоул и два пати беше избран во најдобриот тим на лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот