По Русија, и Виетнам запира со издавање на визи на Кинези

Фото: МИА

„Епидемијата брзо се шири, на сериозен начин“, се наведува во соопштението на Владата.

Виетнам ќе запре со издавање визи на кинески туристи, соопшти денеска виетнамската Влада, откако во таа земја беа регистрирани три нови случаи на коронавирус.

– Епидемијата брзо се шири, на сериозен начин – се наведува во соопштението на Владата.

Претходно и Русија соопшти дека привремено ќе запре со издавање визи за кинески државјани поради ширењето на новиот коронавирус.

Бројот на починати од последиците на коронавирусот во Кина денеска се зголеми за 38 и сега смртниот биланс изнесува 170. Истовремено, до синоќа, бројот на заболени достигна 7.711. Сомнителни се уште 12.168 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот