По речиси три години откако беше откажана: „Марвел“ размислува да ја рестартира „Daredevil“ со актерите на Нетфликс

Оригиналната актерска екипа од серијата би играле нови верзии на истите ликови, со различна историја и изменети приказни со цел да се усогласат со Марвеловиот кинематски универзум. На овој начин би се отвориле и нови можности за актерската екипа на „Daredevil“, како и можност да се појават ликови како Џесика Џоунс и Лук Кејџ исто така.

Веднаш по истекувањето на правата на Нетфликс врз ликовите од серијата „Daredevil“, кон крајот на минатата година, се појавја шпекулации дека Мет Мурдок (Чарли Кокс) ќе се појави во претстојниот филм за „Спајдермен“, чија премиера е најавена за декември годинава. Тој би ја се појавил како адвокат на Питер Паркер (Том Холанд), додека пак Винсент Д’Онофрио ќе ја повтори својата улога како Вилсон Фиск во претстојната серија „Hawkeye“ на „Дизни+“.

Откако серијата „Daredevil“ беше откажана во 2018 година, обожавателите на „Марвел“ и приказната за „човекот без страв“, веќе со години бараат нивната омилена Нетфликс серија да добие нов живот. Во најмала рака, тие посакуваат ликовите кои беа претставени преку серијата да влезат во Марвеловиот кинематски универзум.

А сега се чини дека постои можност нивната желба да се исполни. Според најновите гласини, „Марвел“ размислува да ја рестартира „Daredevil“ со актерите на Нетфликс.

Овојпат, гласините доаѓаат од Даниел Ричман

Според Даниел Ричман (преку „Knight Edge Media“), „Марвел“ размислува за меко рестартирање на „Daredevil“ на Нетфликс, што подразбира оригиналната актерска екипа од серијата да игра нови верзии на истите ликови, со различна историја и изменети приказни со цел да се усогласат со Марвеловиот кинематски универзум. На овој начин би се отвориле и нови можности за актерската екипа на „Daredevil“, како и можност да се појават ликови како Џесика Џоунс и Лук Кејџ исто така.

Се шпекулира дека членовите на актерската екипа на „Daredevil“ ќе се појават во претстојната „Марвел“ серија „Echo“ исто така, во која главната улога на глув суперхерој ја толкува Алакуа Кокс.

Сè уште не е јасно дали станува збор за серија на „Дизни+“ или филм, и засега е важно да се запомне дека станува збор за гласини, а не потврдени информации.

Кокс продолжува да негира

Неодамна, Кокс негираше дека воопшто ќе се појави во претстојниот филм за Спајдермен, коментирајќи дека „искрено“ не знае што ќе се случи со ликот.

– Мојот одговор е: „Нема коментар“. Не знам што ќе се случи, искрено не знам. – изјави Кокс неодамна за „Forbes“.

Тој призна дека не би сакал да изјави нешто што потенцијално би можело да ја загрози шансата тој да се врати, но изрази благодарност кон фановите кои за сето ова време гласно ги изразуваа своите желби и очекувања.

– Доколку постојат шанси тоа да се случи во иднина, не сакам да кажам нешто што потенцијално би можело да ги загрози тие шанси бидејќи луѓето на високи позиции во „Марвел“, можеби ги гледаат и слушаат овие работи, и можеби тоа има влијание. Но, многу ми се допаѓа колки се страстни фановите и се чувствувам многу, многу трогнато што толку многу од нив се гласни на интернет за нивната желбата да се вратам. – изјави Кокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот