По речиси 40 години папата Франциск за првпат ќе ги посети Тајланд и Јапонија

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

По речиси полни 40 години папата Франциск ќе ги поети Тајланд и Јапонија во ноември, информираат од Ватикан.

Папата Франциск ќе ги посети Тајланд и Јапонија во ноември, што ќе биде прва посета на папата на тие земји по речиси 40 години, изјави извор од Ватикан.

Папата ќе го посети Тајланд од 20 до 23 ноември, а Јапонија од 23 до 26 ноември. Во Јапонија, папата ќе го посети Токио и двата града на кои САД фрлија атомска бомба на крајот на Втората светска војна – Хирошима и Нагасаки, рече владиниот портпарол Јошихиде Суга.

Папата ќе го посети Тајланд на 350-годишнината од сијамската мисија, основана од папата Климент IX, а која беше задолжена за мисионерска работа во Сијам, денешен Тајланд..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот