По реакциите експресно затворен „Сталин-Донер“ во Москва

Киоск за брза храна во Москва беше принуден да се затвори само еден ден откако беше отворен, поради масовното незадоволство дека е брендиран со сталинистичка тематика, објави Ројтерс.

Ресторанот „Сталин Донер“ на влезот има натпис со ликот на контроверзниот комунистички водач. Внатре, вработен облечен во униформа на службата за безбедност од времето на Сталин служи донери со имиња на советски лидери.

„Отворивме пред некој ден и имавме околу 200 клиенти“, рече сопственикот на ресторанот Станислав Волтман. Тој додаде дека полицијата го принудила да го тргне знакот со Сталин, а потоа поради „огромниот притисок“ од локалните власти целосно го затворил локалот.

Брендирањето беше предмет на жестока дебата на социјалните мрежи, а некои корисници го оквалификуваа како „лош вкус“. Владеењето на Јосиф Сталин беше обележано со масовна репресија, работни логори и глад.

Скоро 700 000 луѓе беа погубени за време на Големата чистка во периодот 1936-1938 година. Сепак, многумина во поранешниот Советски Сојуз го сметаат за водач кој ја победи нацистичка Германија во Втората светска војна.

„Очекував одредени реакции на социјалните мрежи“, рече Волтман. „Но, јас не очекував дека сите телевизии, репортери и блогери ќе влезат тука и ќе се наредат, како пред мавзолејот на Ленин“, заклуи сопственикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот