По разорниот земјотрес во Хрватска: Петриња и Сисак со најмногу штети, дел од Загреб без струја

Фото: youtube/printscreen

Петриња и Сисак претрпеа најмногу штети во разорниот земјотрес што денеска ја погоди Хрватска. Главнот град Загреб, исто така, претрпе големи штети.

Улиците на Петриња се полни со урнатини, оштетени се голем број згради, а спасувачите трагаат по преживеани, објави телевизијата Н1.

Сите расположливи противпожарни единици од Загреб се упатени кон Петриња, каде спасувачките служби и пожарникарите со голи раце ги пребаруваат урнатините. Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ потврди дека засега има информации за едно загинато дете.

Луѓето се на улица, јавуваат хрватски медиуми. Во Петриња во прекин се телефонските врски.

Во Загреб има сообраќаен колапс по силниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а полицијата ги повика граѓаните да користат лични возила само во итни ситуации.

Загрепската полиција ги повика граѓаните да следат други препораки во случај на земјотрес.

Поголемиот дел од градот е без струја, а на улиците има сообраќаен колапс, по земјотресот, чиј епицентар беше во близина на Петриња, јавија хрватски медиуми.

Хрватската полиција ги повика граѓаните да излезат на отворено доколку се во можност и да се оддалечат од зградите што се во опасност да се урнат по денешниот силен земјотрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот