По расправија со двајца жители на Лавце, тетовчанец ранет со огнено оружје

СВР Тетово / СП. архива

Тетовчанец на возраст од 40 години е ранет со огнено оружје по расправија со двајца жители на Лавце. Инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот на улицата „Љуботенска” во Тетово.

– Во СВР Тетово, Р.М.(38) од Тетово пријавила дека на улица „Љуботенска” во Тетово, со патничко возило „мерцедес”, со непознати регистарски ознаки дошле Н.Б.(31) и А.Б.(38), двајцата од село Лавце и по куса расправија со нејзиниот сопруг Ш.М.(40) од Тетово,  испукале неколку куршуми кон него, по што го напуштиле местото. Ш.М. бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му била констатирана тешка телесна повреда, соопшти денес СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот