По примопредавање на функцијата во Белата куќа: Трамп ќе остане без привилегиите на Твитер

Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе остане без својот „посебен третман” на социјалната мрежа Твитер на 20 јануари по преземање на функцијата на Џозеф Бајден

Американската компанија соопшти дека налогот на Доналд Трамп, по истекот на неговиот мандат како претседател на САД, ќе се третира според истите правила како и секој друг налог, бидејќи посебниот третман важи само за актуелните светски лидери.

Твитер брише сè што не е во согласност со нивните правила, а тоа не се однесува на светските лидери. Нивните твитови, во случај на прекршување на правилата на компанијата, не се бришат, туку се скриени и означени како „од јавен интерес”.

– Оваа политика се однесува на актуелните светски лидери и кандидати за функции, но не и за граѓаните и приватните лица кои престануваат да бидат на некои позиции, рече портпаролот на Твитер.

Компанијата викендот обележа голем број на твитови на Доналд Трамп со знак за предупредување, кои зборуваат за наводна изборна измама, па дури и претходно во случајот со Трамп, тие мораа често да го користат ова предупредување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот