По примерот на Твитер и Снепчет го прекина објавувањето на видео-пораките на Трамп

И социјалната платформа „Снепчет”, следејќи го примерот на Твитер, одлучи да му го ограничи пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп, и да го стопира објавувањето на  видеата што американскиот претседател ги користи за самопромоција, се наведува во соопштението на американската компанија „Снеп”, која е сопственик на апликацијата.

Американските медиуми објави дека одлуката на „Снепчет” била ограничена и всушност значи дека видеата на претседателот веќе нема да бидат прикажувани во рубриката „Разоткривање”, во која се објавуваат вести и видеа на познати личности.

Налогот на Трамп на „Снепчет” и натаму ќе остане активен и видлив за секој кој сака да го посети, но новите видео соддржини нема да бидат објавувани.

Со оваа одлука, калифорниската компанија „Снеп” застана зад Твитер, која до точка на вжештување ја доведе својата кампања против Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот