По препорака на Комисијата на епидемиолози: Грција во понеделник ги отвора градинките

Фото: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Заедно со забавиштата и основните училишта, во понеделник се отвораат и градинките во Грција, што се под надлежност на Министерството за труд и социјални прашања, а одлуката е донесена по соодветната препорака од надлежната Комисија на епидемиолози, јави дописничката на МИА од Атина.

Почетокот ќе биде под конкретни превентивни мерки за заштита од ковид-19, а според упатствата, употребата на маска е задолжителна за вработените и произволна за децата.

Со воведувањето на карантинот во Грција на 7 ноември, училиштата, забавиштата и градинките продолжија да работат, меѓутоа една седмица подоцна и тие беа затворени по препорака на Комисијата на епидемиолози за да се намали раздвиженоста на возрасните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот