По премиерот Кастекс, и францускиот министер за финансии позитивен на Ковид-19

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON / POOL

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер изјави дека е позитивен на новиот коронавирус. Тој на Твитер напиша дека нема симптоми и порача дека во наредните седум дена, колку што ќе биде во изолација, ќе продолжи со работа од дома.

– Веднаш почнав да ги следам здравствените мерки што ги донесе Владата и се изолирав во домот, истакна Мер.

Минатата недела и премиерот на Франција Жан Кастекс објави дека е позитивен на Ковид-19 по контакт со заболено лице за време на етапа на велосипедската трка „Тур де Франс“.

Во Франција вчера беа регистрирани рекордни 13.215 новозаболени со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот