По прележан ковид-19, 91 отсто помал ризик од зараза во наредните седум месеци

Португалија воведува мерки и за вакцинираните/Фото: EPA-EFE/PAULO CUNHA

Луѓето кои прележале коронавирус имаат 91 отсто помал ризик од зараза во наредните седум месеци, покажа истражувањето на Медицинскиот факултет во Грац, објавено во „Европското списание за клиничка истрага“.

Ова ниво на имунизација е само малку пониско од она што го дава вакцината „Фајзер/Бионтек“, за која се покажа дека е 95 отсто ефикасна.

Тоа значи дека претходната инфекција со коронавирус создава речиси исто ниво на заштита како што го имаат и луѓето кои биле вакцинирани, барем во пократок временски период, според студијата спроведена во Австрија.

Студијата проучувала како луѓето кои биле заразени во првиот бран на инфекцијата, од февруари до април, поминале во вториот бран од септември до ноември.
Во споредба со остатокот од населението во Австрија, тие имале значително посилна отпорност на инфекцијата.

Овие податоци покажуваат зголемување на имунитетот на Сарс-КоВ-2 кај австриското население, иако сè уште не знаеме до која мерка тој имунитет се однесува и на различните мутации на вирусот Сарс-КоВ-2 или колку долго и во која мерка трае заштитата од реинфекција во подолг временски период – рекол Франц Алербергер од Австриската агенција за здравје и безбедност на храна.

Потребни се дополнителни проценки на подолги временски периоди и анализа на податоците од другите земји.

Резултатите се слични на оние добиени од британските здравствени работници кои откриле дека речиси 90 отсто од заразените со коронавирус имаат антитела во својот организам шест месеци по инфекцијата.

Податоците од февруари од најголемата британска биомедицинска база на податоци, УК Биобанк, покажуваат антитела кај 88 отсто од учесниците испитани по шест месеци. По три месеци, процентот изнесувал 99 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот