По повод Денот на трудот и во духот на солидарноста, Заев денес даруваше крв

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по повод Денот на трудот заедно со неколку членови на семејството,  денес даруваа крв. Тој на Фејсбук објави фотографии и потенцираше дека во овие тешки времиња, неопходно е да си помагаме.

-Утрово, по повод Денот на трудот но и заради зголемената потреба од крв во време на борбата со коронавирусот, дарував крв заедно со повеќе членови на моето семејство. Солидарноста, хуманоста и меѓусебното помагање се вистинскиот чекор за заедничко добро. Во овие тешки времиња за нашиот народ многу е важно да си помагаме. Заедно е полесно, заедно е човечно, заедно успеваме, напиша Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот