По повеќе од една деценија, „Рено” пријави загуба

Вкупната продажба на возила од групата на „Рено“ минатата година падна за 3,3 проценти на 55,53 милијарди евра.

Компанијата „Рено“ денеска соопшти дека во 2019 година ја забележала својата прва загуба по повеќе од една деценија и дека ја намалила целна маржа за 2020 година.

Францускиот производител на автомобили, кој е во сојуз со јапонскиот „Нисан“, пријави загуба од 141 милиони евра како свој удел во финансискиот резултат на групата, делумно поради расходите поврзани со некои негови кинески мешовити фирми, но и скандалот околу Карлос Госно, поранешниот шеф на „Рено-Нисан“, кој избега од Јапонија, каде што го чекаше судењето под обвинение за финансиска малверзација.

Нисан, во кој „Рено“ има 43 проценти удел, исто така, придонесе за целокупниот негативен резултат, откако неделава извести за својата прва квартална загуба во речиси десет години и ја намали прогнозата за оперативната добивка.

Вкупната продажба на возила од групата на „Рено“ минатата година падна за 3,3 проценти на 55,53 милијарди евра.

Компанијата ја намали целната оперативна маржа за 2020 година на ниво меѓу 3,0 и 4,0 проценти во однос на минатогодишните 4,8 проценти, и го намали предложениот износ на дивиденда за 2019 година за речиси 70 проценти од претходната година.

Акциите на „Рено“ утрово на Париската берза паднаа за 4,3 проценти.

„Рено“ за годинава предвидува пад на глобалниот пазар на автомобили и намалување на неговата продажба во Европа и Русија за околу 3,0 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот