По повеќе од два месеци Словенија ги отвори аеродромите

Фото: EPA/SERGIO DIONISIO

По повеќе од два месеца Словенија повторно ги отвори меѓународните аеродроми, јави дописникот на МИА од Љубљана.

На аеродромите во Љубљана, Марибор и Порторож од утрово се дозволени интернационални летови од земјите членки на Европската унија, но и оние од трети земји, соопштија од Владата.

Бригита Зорец, претставник на компанијата Фрапорт, која оперира со аеродромот Брник крај Љубљана, изјави дека сите оние кое ќе влезат во земјата, сепак, ќе мораат да одат во седум дневен домашен карантин.

-Очекуваме мерките против ширењето на коронавирусот полека да се укинуваат и кон крајот на мај со нови правила да стигнеме на ниво на нормален авио-превоз, изјави Зорец.

Авиопревозниците најавуваат повторно воспоставување на летовите кон крајот на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот