По повеќе од 3 часа разговор, иранскиот шеф на дипломатијата си замина од Биариц – Слободен печат
ВестиПланета

По повеќе од 3 часа разговор, иранскиот шеф на дипломатијата си замина од Биариц

Неименувано францускo службено лице изјавил дека разговорите кои Зариф ги имал во Биариц, траеле скоро три ипол часа, вклучувајќи 30 минутен разговор со претседателот Емануел Макрон, пренесува Ројтерс.

Иранскиот шеф на дипломатијата Џавад Зариф, вечерва отпатувал од Биариц, каде денеска беше на покана од францускиот претседател Емануел Макрон, а на изненадување на останатите учесници на самитот на Г7.

Неименувано францускo службено лице изјавил дека разговорите кои Зариф ги имал во Биариц, траеле скоро три ипол часа, вклучувајќи 30 минутен разговор со претседателот Емануел Макрон, пренесува Ројтерс.

Тој рекол дека Франција го поканила Зариф на самитот на Г7 за да проба да ги намали тензиите околу нуклеарната програма на Иран.

Макрон во петокот веќе се состанал со Зариф и одлучил повторно да го покани во Франција, овој пат во Бијариц.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Франција не го известила дека шефот на дипломатијата на Иран, ќе одржи средба денеска со француската делегација, на маргините на самитот на Г7 во француски Биариц, соопшти Белата куќа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close