По повеќе од 10 недели ставен под контрола австралискиот мегапожар

Пожарот во планините Гросперс почна со удар на гром, на 28 октомври, и зафати повеќе од половина милион хектари на северозападот од Сиднеј.

Австралискиот мегапожар, што беснее веќе 10 недели, конечно е ставен под контрола, соопштија денеска пожарникарите од Нов Јужен Велс.

Пожарот во планините Гросперс почна со удар на гром, на 28 октомври, и зафати повеќе од половина милион хектари на северозападот од Сиднеј. Потоа тој се прошири и на делови од националниот парк „Сини планини”, на западот од Сиднеј.

Гаснењето на пожарот траеше подолго бидејќи не можеше да се запре поради временските услови, соопшти пожарникарската служба, предупредувајќи дека се уште се останати неколку месеци од сезоната на пожари и површини што можат да горат.

Властите во австралиската југоисточна држава Викторија денеска соопштија за смртта на пожарникар заради што вкупниот број на луѓе кои погинаа ширум континетот во сезоната на пожари се зголеми на 27.

Илјадници луѓе станаа бездомници откако чудовишните пожари ширум земјата опустошија повеќе од 10,3 милиони хектари земја, оставајќи зад себе спржена земја со површина на Јужна Кореја.

Еколозите од Универзитетот во Сиднеј проценуваат дека во пожарите настрадале или се повредени дури милијарда животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот