По потресното писмо на Северина, се огласи и таткото на Александар

Фото: Принтскрин/Nova.tv

Северина во иднина ќе може синот Александар да го гледа само двапати неделно попладне и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер.

Ваквата судска одлука крена голема прашина во медиумите, а адвокатскиот тим на Северина веќе најави жалба. По емотивното писмо кое Северина го објави на социјалните мрежи по пресудата, се огласи и нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ.

Тој открива дека неговата цел никогаш не била детето да ѝ се одземе на мајката, но и дека старателството е заедничко, со тоа што момчето отсега ќе живее со него.

„Договорот меѓу родителите е секогаш над пресудата (освен кога судот ќе одлучи дека не е во интерес на детето да биде со еден од родителите, но тоа е сосема друга приказна). Ако детето сака да поминува повеќе време со мајката и ако таа ги почитува неговите обврски што се однесуваат на училиштето и на другите активности, не гледам проблем мајката и синот да поминуваат повеќе време заедно. Би нагласил дека Северина е глава на своето семејство, таа го издржува целото семејство, многу работи, активна е и има многу малку слободно време на располагање. Иако според старата пресуда детето живееше кај неа, времето кое таа досега го поминуваше со синот беше многу ограничено“, објасни Поповиќ
за српски „Телеграф“.

Поповиќ нагласил дека ќе бара заштита од „дивјачкото“ однесување на Игор Којиќ, кого го обвинува дека по донесувањето на судската пресуда Којиќ го навредувал и му се заканувал во присуство на малиот Александар.

Во однос на фактот што Северина од 14 октомври (45 работни дена) не го носела Александар на училиште, Поповиќ се воздржал од коментар, нагласувајќи дека тоа е чувствителна тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот