По „Последниот танц“ следи нов документарен филм, за Меџик Џонсон

EPA-EFE/MICHAEL NELSON

Документарниот филм кој ќе биде посветен на поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Ирџин Меџик Џонсон ќе биде емитуван во 2021 година.

По успехот кој го постигна „Последниот танц“ во кјо се следи приказната за шампионската генерација на Чикаго булс и на Мајкл Џордан, веќе се работи на нов документарен филм кој ќе биде посветен на уште една кошаркарска легенда.

Станува збор за Ирвин Меџик Џонсон,поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, кој е еден од најдобрите 50 играчи во историјата на НБА лигата.

– Меџик постигна многу и на теренот и надвор од него. Многу сме возбудени што ќе ја раскажеме таа приказна и ќе работите со него – изјави Брин Мусен, генералниот директор на продуцентската куќа „XTR“ која ќе работи на документарниот филм.

Меџик Џонсон целата кариера (1971-1991, 1996) ја помина во ЛА Лејкерс, и освои пет шампионски титули, три пати беше МВП на лигата и имаше 12 настапи на Ол-стар натпреварите.

Исто така наредната 2021 година треба да се појави уште еден документарен филм „Man in the Arena“, за многумина најдобриот квотербек во историјата на НФЛ лигата, Том Брејди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот