По поразот од Шкендија, „пандевци” му гостуваат на Вардар

Срѓан Ивановиќ

Натпреварите од 27. коло на Првата македонска фудбалска лига се играат денеска со почеток во 15.30, а дербито се игра во Скопје, каде Вардар ја пречекува Академија Пандев. „Пандевци” во минатото коло загубија пред своите гледачи во Струмица од шампионот Шкендија со 0:1 и на ова гостување ќе се обидат да се вратат на победничката патека.

Сепак, на талентираниот тим на Академија Пандев нема воопшто да му биде лесно во Скопје, бидејќи победа им потребна и на „црвено-црните”, кои по лошиот старт на првенството се обидуваат во финишот да ја спасат сезоната.

Од евентуалното реми на второ и третопласираната екипа на табелата, најмногу ќе профитира лидерот Шкендија, која во пресрет на ова коло води пред Вардар со 10 бода предност. Тетовци на својот стадион го пречекуваат тимот на Ренова, а според сите предвидувања Шкендија е апсолутен фаворит на оваа пресметка.

ПФМЛ, 27. коло Шкендија – Ренова Вардар – Академија Пандев Македонија ЃП – Победа Беласица – Силекс Шкупи – Работнички Табела: 1. Шкендија 59 2. Вардар 49 3. Академија Пандев 45 4. Ренова 36 5. Шкупи 33 6. Работнички 33 7. Македонија 31 8. Силекс 25 9. Беласица 23 10. Победа 19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот