По поразот на изборите, Чешката влада си поднесе оставка

Андреј Бабиш/ Фото: МИА

Чешката влада се согласи да поднесе оставка по изборите, изјави денеска премиерот Андреј Бабиш, ветувајќи дека владата во заминување ќе продолжи со напорите за спречување на пандемијата на Ковид-19.

Бабиш рече дека испратил писмо со оставка до претседателот Милош Земан, кој е хоспитализиран од 10 октомври. Вообичаена практика е премиерот во заминување лично да достави такво писмо.

Кога претседателот Земан ќе ја прифати неговата оставка, тој ќе побара од владата да остане на функцијата до именување на новата влада, што се очекува во наредните недели.

Бабиш и неговите соработници загубија на изборите на 8. и 9 октомври од два блока опозициски партии кои веќе се договорија да ја формираат следната влада предводена од Петер Фиал како можен нов премиер.

Во вторникот, Земан побара од Фиала да ги води преговорите за формирање нова влада.

Не се соопштуваат детали за неговата болест, освен изјавата на еден од лекарите дека се работи за заболување на црниот дроб.
Земјата со 10,7 милиони жители денеска објави дека има 13.502 нови случаи на Ковид-19, додека во болниците има 3.452 пациенти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот