По половина век најдена француска подморница која се водела како исчезната

Француска подморница која се води како исчезната уште од 1968 година со 52 членови на екипажот, била пронајдена недалеку од пристаништето Тулон, пренесува НДТВ.

„Тоа што ја пронајдовме ‘Минерва’ е успех, олеснување и технички подвиг“, соопшти француската министерка за одбрана, Флоранс Парли.

Таа додаде дека нејзините мисли се со членовите на екипажот, кои долго чекале на овој момент.

Владата одлучи лани да ги обнови напорите да ја пронајде „Минерва“ на повтореното барање на семејствата.

Причината за потонувањето на подморницата не е позната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот