По подолго време во БиХ повеќе оздравени од заразени пациенти со коронавирус

Тестирање за коронавирус во БиХ / фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Во Босна и Херцеговина денеска за првпат по речиси еден месец е регистрирана повисока бројка на оздравени од пациенти заразени со коронавирус во еден ден.

Во последните 24 часа во БиХ од Ковид-19 оздравеле 262 лица, додека во истиот тој период 188 се новозаболени.

Во оваа земја денеска за жал починаа и пет пациенти, од кои двајца се од Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот