По победата на Трамп: Цената на златото падна на најниско ниво во последните два месеци

Враќањето на Трамп во Белата куќа ги поттикна американските акции и криптовалути

Декемвриските фјучерси на златото на њујоршкиот Comex денеска се тргуваа за помалку од 2.550 долари за троја унца, што е најниска цена од 12 септември, покажаа податоците на пазарот.

Падот на цената на златото делумно се должи на силниот раст на доларот по победата на Доналд Трамп на изборите во Соединетите Американски Држави, пренесува Trading Economics.

Враќањето на Трамп во Белата куќа ги поттикна американските акции и криптовалути да достигнат рекордни височини бидејќи инвеститорите веруваат дека неговите планови за повисоки тарифи, даночни намалувања и зголеменото трошење на дефицитот се добри за американската економија.

Споменатите мерки можат да ја зголемат инфлацијата, но и да го забават темпото на намалување на каматните стапки, со што златото би станало помалку привлечно за инвестиции.

Економистите генерално веруваат во негативна корелација помеѓу цените на златото и движењето на каматните стапки, односно цената на златото расте кога каматните стапки се пониски и обратно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот