По пауза од 20 години, Гасол и официјално се врати во Барселона

epa09096341 FC Barcelona's new player Pau Gasol during his presentation press conference at the Palau Blaugrana in Barcelona, Spain, 25 March 2021. EPA-EFE/Andreu Dalmau

Легендарниот шпански кошаркар се врати во тимот во кој ја започна кариерата.

По две децении и повеќе од 1.300 натпревари во НБА лигата каде освои две шампионски титули, Пау Гасол денеска официјално беше претставен во Барселона.
Легендарниот центар кој на 6. јули ќе наполни 41. години, со ова и официјално се врати во клубот во кој ја почна професионалната кариера.
Гасол ќе потпише договор со Барселона до крајот на сезоната, односно до 31. јуни, но не е исклучено и да остане во каталонскиот тим и следната сезона.

Гасол професионалната кариера ја започна 1999 година токму во дресот на Барселона за која настапуваше до 2001 година по што замина во НБА лигата во која помина 18 години. Во НБА лигата, Гасол одигра 1.362 натпревари и освои две шампионски титули со ЛА Лејкерс, а настапуваше и за Мемфис, Чикаго, Сан Антонио и Милвоки.
Со репрезентацијата на Шпанија, Пау гасол освои дури 11 медали, а најзначајни се трите европски злата, едно светско и две сребра од Олимписките игри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот