По пауза од 15 години, американските власти ќе извршат три смртни казни

 Американските власти, следната недела, првпат по повеќе од 15 години, ќе извршат смртни пресуди на криминалци осудени на сојузно ниво. Ова го тврдат извори меѓу затворскиот персонал.

Според нив, извршувањето на казните ќе започне во понеделник, кога вкупно тројца затвореници за една недела, во државата Индијана, кои добија најтешка казна за убиство на деца, ќе бидат егзекутирани со смртоносни инекции.

Членовите на семејствата на криминалците и жртвите имаат право да бидат присутни, но мора да носат заштитни маски како мерка да се спречи ширењето на коронавирусот.

Како што пишува „Вашингтон пост”, федералните власти во САД последен пат извршиле смртна пресуда во 2003 година. Оттогаш беше воспоставен еден вид неформален мораториум, бидејќи не беа договорени правилата за давање смртоносна инекција. Сепак, смртната казна во последните години се применува на државно ниво. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот